БОКИ 13 Е „ВРЗАН“ ЗА БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ Одложена јавната седница на Апелација за „Меѓународен сојуз“

237

Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет познат како „Меѓународен сојуз“, закажана за денеска, е одложена поради неможност на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 да присуствува, информираа од Апелација и додаваат дека Боки 13, по извршената хируршка интервенција, сѐ уште е хоспитализиран и на болничко лекување.

„Поради тоа, судот насрочи нов термин за јавна седница, на 10.7.2023 година во 10.30 часот, за што странките и присутната јавност беа усно известени“, велат од Апелација.






Боки 13 неодамна беше опериран и му беше отстранет речиси целиот желудник.

 

Поврзани содржини