Ова е ден на политичка кампања, донесовте политичка пресуда, рече Бојан Јовановски, откако судијката го повика да се изјасни за мерката притвор по изрекување на пресудата според која судечкиот совет пресуди девет години затвор за Боки 13.
Пресудата е првостепена, а странките имаат право на жалба до повисокиот суд, Апелацискиот.
Судијката Васка Николовска Масевска го опомена Јовановски да зборува за притворот, а не за изречената одлука, а на оваа забелешка Јовановски рече дека притворот цело време откако ја изджрува таа мерка тенденциозно му се определува.
– Нема да се дадам во бегство, едвај чекам да отидам во обвинителството и да ги пријавам сите вистински кривични дела , знам дека ќе ми го продолжите притворот – рече Јовановски.