Боите на Франција и Австрија светат на МНР во знак на солидарност

Вечерва изразуваме сочуство и солидарност со нашите француски и австриски пријатели - се наведува во информацијата од МНР.

361

Зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлено во боите на знамињата на Франција и Австрија.

– Нашите сојузници, но пред сѐ, нашите пријатели Франција и Австрија поминуваат низ едно тажно поглавје по ужасните терористички напади. Но ние сме појаки од омразата и теророт и заедно ќе ја водиме оваа битка. Вечерва изразуваме сочуство и солидарност со нашите француски и австриски пријатели – се наведува во информацијата од МНР.

 






Од МНР потенцираат дека испраќаме порака дома, но и во светот – овие немили настани не можат да нѐ исплашат, но можат да нѐ сплотат.

Поврзани содржини