БОИНГ НАЗНАЧИ НОВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР Ќе ја извлече ли компанијата од загуба и проблемите со авионите?
Боинг денеска ги објави кварталните оперативни резултати кои покажаа загуба од 1,4 милијарди долари. Приходите се намалени за 14,6 отсто на 16,9 милијарди долари.
Поранешен извршен директор на „Роквел Колинс“ Кели Ортберг е нов извршен директор на американскиот производител на авиони Боинг. На функцијата ќе стапи на 8 август кога лидерското место во компанијата го напушта Дејв Калхун.
Ортберг го презема раководството на Боинг во време кога компанијата се обидува да застане на нозе откако nнејзините авиони имаа бројни инциденти.
„Ортберг е искусен лидер кој е длабоко почитуван од воздушната индустрија“, соопшти Боинг.
Боинг денеска ги објави кварталните оперативни резултати кои покажаа загуба од 1,4 милијарди долари. Приходите се намалени за 14,6 отсто на 16,9 милијарди долари.