БОИНГ ЌЕ ИЗРАБОТУВА „ПАМЕТНИ БОМБИ“ ЗА ИЗРАЕЛ Договорот е вреден 289 милиони долари

Договорот, како што наведуваат американските медиуми,  не е поврзан со тековните воздушни напади на САД и Израел врз Иран, а испораките не се очекуваат во следните 3 години.

43

Американскиот производител на авиони „Боинг“ потпиша нов договор вреден 289 милиони долари со Израел за испорака на 5.000 паметни бомби.

Договорот, како што наведуваат американските медиуми,  не е поврзан со тековните воздушни напади на САД и Израел врз Иран, а испораките не се очекуваат во следните 3 години.






Станува збор за водена муниција од типот „бомба со мал дијаметар“ (SDB), која израелските борбени авиони можат да ја испукуваат врз цели на оддалеченост поголема од 64 километри.

САД се најголемиот снабдувач со оружје на Израел. Минатата година, Пентагон му додели на „Боинг“ договор вреден 8,6 милијарди долари за производство и испорака на борбени авиони „Ф-15“ на Израел, како дел од меѓувладиниот договор за продажба на воена опрема.

Минатата недела медиумите објавија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп употребила и вонредни овластувања за да го заобиколи Конгресот и да ја забрза продажбата на повеќе од 20.000 бомби на Израел во вредност од околу 650 милиони долари. Во саботата, функционер на Стејт департментот изјави дека Израел ќе набави дополнителна клучна муниција во вредност од 298 милиони долари преку директна комерцијална продажба.

Дополнително, американскиот Стејт департмент претходно оваа година одобри 3 одделни договори за потенцијална воена продажба на Израел, чија вкупна вредност надминува 6,5 милијарди долари, а тие договори ги вклучуваат хеликоптерите „Апачи“ на „Боинг“.

Поврзани содржини