БОИНГ ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА ПАДОТ НА „737 МАКС“ Семејствата на 157 жртви ќе ја добијат својата правда
„Ова е значајна пресвртница за семејствата во нивната потрага по правда против „Боинг“, бидејќи ќе се погрижи тие да се третираат соодветно и да ги исполнуваат условите за целосна штета според законот на Илиноис, истовремено отворајќи го патот за да продолжат кон конечно решение, било преку порамнување или судење“, наведоа адвокатите во заедничкото соопштение.
Компанијата „Боинг“ по цели две години ја призна одговорноста и ќе ја надомести штетата по тужбата на семејствата на 157 лица кои загинаа во падот на авионот „737 MAX“ на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година, јавува МИА. Семејствата на жртвите се спогодија со „Боинг“ и нема да бараат дополнителна казнена оштета, а „Боинг“ нема да ги оспорува нивните тужби.
Адвокатите на жртвите изјавија дека од „Боинг“, според спогодбата, признале „дека моделот „737 MAX“ бил во небезбедна состојба и дека нема да се обидат да обвинат некој друг за несреќата“.

„Ова е значајна пресвртница за семејствата во нивната потрага по правда против „Боинг“, бидејќи ќе се погрижи тие да се третираат соодветно и да ги исполнуваат условите за целосна штета според законот на Илиноис, истовремено отворајќи го патот за да продолжат кон конечно решение, било преку порамнување или судење“, наведоа адвокатите во заедничкото соопштение.
Тие додадоа дека компензацијата „ќе значи дека „Боинг“ е целосно одговорен за смртта на 157 лица кои загинаа во оваа несреќа“.
Најпродаваниот авион на „Боинг“ беше изваден од употреба цели 20 месеци откако 346 лица загинаа во две несреќи на „737 MAX“, во Индонезија во 2018 година и во Етиопија во 2019 година. Потоа компанијата направи значителни подобрувања во софтверот и обуката и го врати во употреба.
Британските медиуми наведуваат дека двете несреќи веќе ја чинат компанијата „Боинг“ околу 20 милијарди долари.