БОГОЕВ НЕМА АМБИЦИИ ДА ГО ВОДИ СДСМ Алтернатива би требало да добие министер

Неговите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер ако се прави реконструкција на владата.

1,012

Во моментов немам амбиции да го преземам СДСМ. Не би лицитирал со имиња. Приоритет во моментов е стабилизација на мнозинството и продолжување на интеграциските процеси, менаџирање на енергетската и здравствената криза и решавање на бугарското прашање, изјави Стефан Богоев, член на Извршниот одбор на СДСМ, во вчерашниот дебатен магазин „КликПлус“ на ТВ21.

Неговите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер ако се прави реконструкција на владата.

Околу можноста за влез на Алтернатива на Африм Гаши во Влада на местото на Беса, Богоев рече:






– Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно ќе добие министер во владата. На кое министерство, ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од 1/3 од Владата, тогаш паѓа владата.

Поврзани содржини