Богојески: Кандидиравме независни кандидати со поддршка на СДУ

Тој објаснува дека во предходните неколку недели разговарале со повеќе политички партии од кои побарале подршка од нив за Македонски концепт.

4,343

Македонски концепт како граѓанска програма, состави граѓански листи за пратеници за предвремените Парламентарни избори 2020. Ние не сме и не можеме да бидеме во коалиција со ниту една политичка партија, од причина што ние не сме партија. Не беше едноставно, но успеавме да составиме граѓански листи, без кандидати од политички партии, за 5 изборни единици! На листите се чесни домаќини, еснаф луѓе, работници и земјоделц, инженери и доктори, универзитетски професори… сите заедно за нормална држава – вели Петар Богојески од граѓанската платформа Македонски концепт.

Тој објаснува дека во предходните неколку недели разговарале со повеќе политички партии од кои побарале поддршка за Македонски концепт.






– Дел од тие партии беа оние на македонските Албанци, Срби, Бошњаци и други. Дел беа партии кои денес се во коалиција со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ. За жал, повеќето побараа да го прифатиме нивниот партиски идентитет и да бидеме дел од нивните партиски кандидатски листи за пратеници. Тоа беше и е надвор од нашата визија за развој на нашиот Македонски концепт, па затоа и не пристапивме по секоја цена кон нивната условена поддршка. Токму тоа беше причината зошто до последно не беа подготвени листи на кандидати. Решени бевме и да не учествуваме, доколку не се најде партнер кој ќе не поддржи безусловно и како независни граѓански кандидати – вели Богојески.

Тој тврди дека никогаш не спровеле постапка за собирање на потписи.

– Благодариме на СДУ којашто покажа силен демократски капацитет, ја препозна различноста во нас, прифати да ги поткрепи нашите граѓански независни кандидатски листи, без учество во нив од страна на нивни партиски активисти. СДУ искажа поддршка за нашата доминантна политичка цел – европеизација на РМ и за пакетот на антикорупциски мерки, предвидени во нашата програма, како и за неколку исклучително значајни проекти, како што се: либерализација на банкарскиот сектор, обештетување на граѓаните, партнерство со младите и слично. Искажуваме искрена благодарност до СДУ за нивната отворена поддршка и можноста за учество на Македонски концепт со граѓански листи на следните предвремени парламентарни избори – рече Богојески.

Поврзани содржини