БОГОЈЕСКИ ГИ КАНИ „ЛЕВ ТАХОР“ КАЈ НЕГО ВО КРУШЕВО Бог е голем, а ние сме тука да помогнеме
Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија!, напиша Богојески на Фејсбук.
Петар Богојески од „Македонски концепт“ им понуди на припадниците на еврејската група Лев Тахор да се сместат на неговиот имот во Крушево. Моментално, сектата се наоѓа во охридското село Лакочереј каде нашле привремено сместување во хотелот „Прага“, откако претходно престојуваа во Куманово и во Скопје.
„Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија! Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам! Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме“, вели Богојески.
Групата Лев Тахор последен пат беше сместена во охридското село Лакочереј чии жители најавуваа протесети и се заканија дека нема да ги пуштата децата во училиште