БОГОЈАВЛЕНСКИОТ КРСТ ЌЕ СЕ ПОЛОЖУВА ВО КИСЕЛА ВОДА Манифестацијата за Водици ќе започне од храмот „Св. Ѓорѓија“

340

Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во недела на 19-ти јануари 2025год.

И оваа година, манифестацијата започнува од храмот „Св. Ѓорѓија“ во 10:30 часот, од каде градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11 часот, а за најсреќниот учесник се обезбедени награди од градоначалникот и од повеќе спонзори.





– Ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник. Традицијата која ја започнавме пред две години продолжува и ќе остане аманет за идните генерации – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до четврток (18.01.) до 18 часот, на телефонскиот број: +389 78207687 и да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.
Поврзани содржини