Богдановиќ негативен на ковид-19, но останува во изолација

Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на ковид- 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена – вели Богдановиќ

345

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својот „Фејсбук“ профил објави дека неговите резултати од тестот за ковид-19 се негативни и дека ќе остане во изолција до вториот негативен тест.

Богдановиќ во текот на вчерашниот ден бил тестиран од ковид-19, откако претходно било потврдено дека секретарот на Општината, Маја Ралевска е позитивна на коронавирусот.






– Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за ковид-19 и дека тие се негативни. По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за ковид-19. Во изолација останувам до втор негативен тест. Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на ковид- 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена – вели Богдановиќ во својата објава.

Тој додава дека на секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување, но исто така апелираше до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што коронавирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него.

Поврзани содржини