Богдановиќ ги „залепи“ клупите во Центар

Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот.

765

Првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил соопшти дека се преземаат мерки со цел заштита од ширење на коронавирусот.

– Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар. Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните. Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот. Продолжуваме интензивно и наредните денови. Оваа мерка ќе биде активна додека траат мерките и препораките од Владата – објави Богдановиќ.






Поврзани содржини