Богдановиќ: Ги почитувавме сите протоколи кои беа кажани
Имаме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме – вели градоначалникот на Центар.
Откако министерот за здравство Венко Филипче ги критикуваше свадбите кои се одржаа овој викенд, одговор на тоа даде градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој со својата сакана, Јелена стапи во брак во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница, Косово.
– Ние само го правевеме свечениот чин во цврква, кадешто максимално ги почитуваме сите протоколи, коишто ни беа кажани, од страна на црквата и луѓето коишто нормално ги прашувавме како се одвива целата организација. Имаме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме – изјави Богдановиќ за Сител телевизија.