Богдановиќ: Да го селектираме отпадот и да ја зачуваме животната средина
Во рамки на проектот поставени се повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации низ општината.
Уште на првиот ден од новата година градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја
надополни неговата „GreenPay“ картичка од ЈП ПОЦ на пластикоматите во Општина Центар.
– Да бидеме совесни и пластичните и стаклени амбалажи да ги рециклираме на места означени за
таа намена. Пластикоматите на ЈП ПОЦ ја имаат токму таа намена, да ги мотивираат граѓаните да
го селектираат отпадот и на тој начин, да придонесат за почиста околина, но и да ги користат
останатите поволности кои ги нуди оваа картичка – изјави градоначалникот Богдановиќ.
Во рамки на проектот „И отпадот има вредност“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, поставени се
повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации
низ општината.
Со селектирањето и рециклирањето на пластичниот и стаклениот отпад, додаде Богдановиќ,
придонесуваме за поздрава и почиста животна средина и подобри услови за живот во Центар.