Богдановиќ чека резултат од тестот за ковид-19, откако Ралевска беше позитивна на вирусот

За Плусинфо, Богдановиќ ја потврди оваа вест и рече дека во текот на денот ги очекува резултатите и дека истите ќе ги објави.

738

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги очекува резултатите од тестот за ковид-19, откако позитивна на коронавирусот е секретарот на Општината, Маја Ралевска.

За Плусинфо, Богдановиќ ја потврди оваа вест и рече дека во текот на денот ги очекува резултатите и дека истите ќе ги објави.






– Точно е дека Маја Ралевска е позитивна на ковид-19. Како превентива и јас направив тест во текот на вчерашниот ден, моментално сум дома и ги чекам резултатите. Исто така се очекуваат и резултатите на 6-7 лица кои биле во близок контакт со неа и моментално се во изолација – изјави Богдановиќ за Плусинфо.

Градоначалникот на Центар ни потенцираше дека откако е започната коронакризата во Општината сите состаноци и средби одржуваат според мерките за заштита од овој вирус, па поради тоа се надева дека Ралева го нема пренесено на колегите.

 

Поврзани содржини