Богдановиќ бара да присуствува на 12. седница на Уставниот Суд

1,109

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, до Уставниот Суд на РСМ поднесе барање за присуство на 12. седница, на која една од точките на Дневен ред е од особено значење за општината.

Како втора точка за 12. седница на Уставниот Суд се јавува Одлука за донесување Детален Урбанистички План Градска четврт И 04-Даре Џамбаз, Општина Центар-Скопје, донесен од Советот на Општина Центар под број 08-2925/6 од 11.06.2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр.11/2019).






Точката се однесува на иницијатива поднесена од група граѓани кои пред Уставниот Суд, како суд кој е надлежен за одлучување за вакви иницијативи, e утврдената висина на објектите таму.

Граѓаните од Уставниот Суд бараат да се врати на сила стариот ДУП, донесен во 2012-та година, кој ги изедначува висините на објектите на приземје + 8 ката и со тоа, дополнително го обременува просторот таму.

Новиот ДУП, предложен од општината, а донесен во 2019-та година, ја враќа првичната состојба на градбите, со што ќе се задржи автентичноста и постојната состојба на подрачјето на градбите во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.

Поради важноста на иницијативата и следење на постапката, градоначалникот Богдановиќ до Уставниот Суд поднесе барање за присуство на седницата.

Поврзани содржини