Богдановиќ ја охрабри антикорупциска да отвори што е можно повеќе предмети
Согласно новиот заклучок донесен од Советот на општина Центар, рокот започна да тече од вчера. Во текот на 20 работни дена треба да се дополнат елаборатите, бидејќи имавме одредени пропусти - рече градоначалникот на Центар.
На денешната прес-конференција, градоначалникот Саша Богдановиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку долго може општината да го држи барањето за дозвола за изградба кај „Холидеј Ин“, тој истакна дека од вчера истекува рокот од 20 дена.
Тој рече дека ја охрабрува Антикорупциска комисија да покренува што повеќе предмети, бидејќи општината веќе три години апелира дека некој претходно веќе донел одлука за продаденото земјиште.
– Согласно новиот заклучок донесен од Советот на општина Центар, рокот започна да тече од вчера. Во текот на 20 работни дена треба да се дополнат елаборатите, бидејќи имавме одредени пропусти. Преку постапката што ја имаме започнато можеме да постигнеме многу поголем успех, отколку да направиме суспензија што утре некој може да ја искористи, односно да ја тужи општината и да добие оштета – вели истакна Богдановиќ.