БОГДАНЦИ „КУРТУЛИ“ ОД ЦАР ФЕРДИНАНД Советот одлучи дека културен клуб со такво име не може да се регистрира во Македонија

По Ванчo Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, во Богданци бугарскиот културен клуб требаше да го носи името Цар Фердинанд по бугарскиот кнез и цар од 1887-ма до завршување на Првата светска војна 1918.

1,530

Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности при именувањето на граѓански здруженија и фондации на денешната седница не даде согласност за користење на името Цар Фердинанд во името на бугарскиот културен клуб во Богданци, потврдија за Телма од Mинистерството за правда.

По Ванчo Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, во Богданци бугарскиот културен клуб требаше да го носи името Цар Фердинанд по бугарскиот кнез и цар од 1887-ма до завршување на Првата светска војна 1918.






Фердинанд бил владетел во чие време Македонија била поделена, а бил активен учесник и во Балканските војни.

Советодавното тело беше формирано овој месец за да ги преиспитуваат контроверзните имиња на невладини здруженија и клубови. Денешната одлука е прва која што е донесена во Советот.

Поврзани содржини