БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ДА НЕ ЈА ТРОШАТ ТРЕТАТА ДОЗА СЗО ги повика да остават нешто и за сиромашните
Дури 80 отсто од 5, 5 милијарди дози вакцини кои досега се дадени против коронавирусот, се дадени во богатите земји, велат податоците на СЗО.
Богатите земји да се воздржат од давањето на третата доза на вакцина против коронавирус барем до крајот на годината, за да таа да не биде целосно истрошена, апелириаше директорот на Светската здравствена организација, пишува Н1. Тедрос Адана Гебрејесус рече дека е „згрозен“ од ставовите на производителите на лекови кои преку својата водечка асоцијација изјавиле дека имаат доволни резерви за сите.
– Нема да молчам кога компаниите и земјите што ја контролираат глобалната испорака на вакцини мислат дека сиромашните треба да бидат задоволни со она што останува. Бидејќи производителите им дадоа предност на богатите земји или потпишаа договори со нив, сиромашните земји се лишени од средства за заштита на нивното население – рече Гебрејесус.
Дури 80 отсто од 5, 5 милијарди дози вакцини кои досега се дадени против коронавирусот, се дадени во богатите земји, велат податоците на СЗО.