Богатиот актер кој преку ред се тестираше на ковид-19 има идеја која не им се допаѓа на сите
Идрис Елба верува дека светот треба секоја година една недела да се става во карантин за да се сеќава на пандемијата на коронавирусот.
Актерот неодамна закрепна од коронавирусот заедно со неговата сопруга Сабрина Ел, а ја опиша болеста како дефинитивно застрашувачка. Тој, исто така, верува дека на пандемијата треба да се потсетуваме секоја година откако ќе заврши глобалната здравствена криза.
– Знаете, сите ние се справуваме со ова на свој начин, но дефинитивно ова беше целосен пресврт. Мислам дека светот треба да поминува една недела во карантин секоја година само за да се сеќава на ова време. Сетете се едни на други. Тоа го прават и другите видови и тоа се вика хибернација. Ве потсетува на тоа дека светот не зависи од вас – изјави тој за АП.
Идрис и Сабрина се во Њу Мексико, каде актерот работел на проект пред да бидат затворени границите. Тие биле принудени да го пропуштат шестиот роденден на синот Винстон, но се надеваат дека наскоро ќе можат да фатат лет за Лондон.
Актерот и неговата сопруга се прогласени за амбасадори на ОН, кои работат на намалување на влијанието на ковид-19 врз земјоделците и производителите на храна во руралните области.
Меѓутоа, неговиот предлог не им се допадна на многумина кои тешко го поднесуваат карантинот, а Твитер се вжешти од силните коментари за предлогот на Идрис.
– Мислите ли дека секој може да одвои време и да ја напушти работата и да остане затворен? Вие не сте во реалниот свет. Дали мислите дека сиромашните луѓе кои живеат во блокови кули со шест деца кои полудуваат, би го посакале тоа. Будала – се покренала лавина од жестоки коментари.