БОГАТИ СТРАНЦИ НАЈСКАПО ПЛАЌАЛЕ ЗА ДА УБИЈАТ ДЕТЕ ОД ЗАБАВА Истрага во Италија за снајперски туризам во Сараево за време на војната

Во Милано обвинителството почна истрага по кривична пријава од новинар, чија цел е да се откријат и да се казнат барем дел од Италијанците кои наводно за време на опсадата на Сараево плаќале богатства за да убиваат цивили од позициите на војската на босанските Срби, при што најскапо плаќале да убијат дете, а старите ги убивале бесплатно.

354

Обвинителството во Милано, Италија, отвори истрага за тврдењата дека за време на војната во Босна и Херцеговина во деведесеттите италијански граѓани учествувале во некаков вид лов на луѓе, така што плаќање за да пукаат во минувачите во Сараево од позициите на армијата на босанските Срби околу опколениот град и убивале жени и деца.

Оваа тема стана жешка во угледните италијански медиуми од почетокот на оваа недела, а изворот е новинарот Ецио Гавацени, кој поднесе кривична пријава до обвинителството во Милано.






– Тоа е приказна за животот. Таа открива дел од општеството што ја прикривало вистината – рече Гавацени, објаснувајќи ги своите мотиви да ги отвори прашањата што се појавија уште во 2022 година, кога филмот „Сараево сафари“ од словенечкиот автор Миран Жупанич беше прикажан на фестивал на документарен филм во Сараево.

Фото: Принтскрин

 

Луѓето, чии идентитети беа скриени во филмот, зборуваа за тоа како богати странци, поточно Италијанци, плаќале богатство за да учествуваат во морбидна верзија на сафари, односно лов на жителите на опколеното Сараево, а нивното пристигнување во ридовите околу главниот град на Босна и Херцеговина станало профитабилен бизнис што го водела агенција од Трст.

За време на опсадата на Сараево од 1992 до 1995 година, повеќе од 11.000 жители беа убиени, од кои 1.600 деца.

Филмот „Сараево сафари“, кој покрена прашања за околностите на некои од смртните случаи, привлече значително внимание. По филмот поранешната градоначалничка на Сараево, Бенјамина Кариќ, поднесе кривична пријава до Обвинителството на БиХ против непознати сторители, осомничени за целни убиства на цивили за време на опсадата, но истрага не беше покрената.

Сега случајот го отвара обвинителот од Милано, Алесандро Гобис, специјализиран за случаи поврзани со тероризам. Тој ја води истрагата поради сомнение за извршување кривични дела повеќекратни убиства, со подмолни мотиви и посебна суровост.

Кривичната пријава од 17 страници, поднесена од новинарот Гавацани во соработка со адвокатот Никола Бригида и поранешниот судија Гвидо Салвини, цитира сведок кој пријавил дека меѓу учесниците во „сафарито“ имало Италијанци: „еден човек од Торино, еден од Милано и последниот од Трст“.

„Еден од италијанските снајперисти идентификувани на ридовите над Сараево во 1993 година, предмет на извештај до италијанската воена разузнавачка служба, бил од Милано и сопственик на приватна клиника специјализирана за естетска хирургија“, се наведува во пријавата, наведуваат италијанските медиуми.

Како извор се споменува тогашниот офицер за воено разузнавање на Армијата на Босна и Херцеговина, со иницијали Е.С.

Един Субашиќ, пензиониран бригаден офицер на разузнавачката служба на Армијата на БиХ, потврди за босанските медиуми дека токму тој собрал такви информации за време на војната.

– Имињата на некои од сторителите се пронајдени, а понатамошната истрага треба и веројатно би можела да го расплетка целиот тој сплет од организација, патување, пристигнување во Сараево, плаќање, пукање, враќање. Истрагата треба да фрли светлина врз сите овие аспекти во сите овие фази – изјави Субашиќ.

Тој истакнува дека целата приказна е исклучително морбидна бидејќи постоел посебен ценовник, или тарифа, што учесниците на „сафарито“ им го плаќале на припадниците на војската на босанските Срби, за да пукаат од нивните позиции. Цените се зголемувале во зависност од тоа дали жртвите биле мажи, војници или цивили, жени, бремени жени или деца.

– Тешко е да се разбере со здрав разум, но едноставно се случило и мораме да ги прифатиме овие факти – тврди Субашиќ.

Според информациите, за убивање деца плаќале најскапо и убијците биле горди, затоа што колку е помала метата, толку е поголем успехот. Старите лица ги убивале бесплатно.

Фото: Принтскрин

 

Новинарот Гавацани се сеќава дека поранешното италијанско воено разузнавање имало оддел во Сараево, каде е формирано досие за „воените туристи“ кои, како што тврди, ги имало најмалку стотина.

– Очекувам дека можеме да најдеме барем еден или двајца од овие италијански снајперисти, а потоа можеби и десет – вели Гавацани.

Генералниот конзул на Босна и Херцеговина во Милано, Даг Ѓумурукчиќ, објави целосна соработка на властите на неговата земја во истрагата на Обвинителството во Милано.

– Сакаме да ја откриеме вистината за оваа сурова афера и да се справиме со минатото. Имам некои информации што ќе ги пренесам на истражителоте – вели тој.

Поврзани содржини