Богатата вдовица на рускиот банкар Дмитриј Пузиков, Екатерина Пузикова, е пронајдена мртва во нејзиниот стан на 2 јули.
Иако нејзиниот адвокат првично тврдеше дека е прободена до смрт, било утврдено дека таа починала како резултат на удар со тап предмет во главата. Телото на убавата Русинка го пронашол нејзиниот татко.
Адвокатот на починатата Екатерина, Андреј Соколов, започнал отпосле да шири информации за прободувањето.
– Нејзиното тело со рани од нож го пронашол нејзиниот татко. Се трага по млад човек, Алексеј Рјасков, кој ѝ помогал да го истражи кривичниот случај за убиството на нејзиниот сопруг. Тие имале конфликт – изјавил Соколов за РБЦ.
Истата вечер кога се случило убиството, Алексеј Рјасков објавил видео на Инстаграм во кое признал дека во 2017 година, заедно со роднините на Екатерина, им предал повеќе од 15 милиони рубли на службениците во регионалниот суд, така што Екатерина, која во тоа време била обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, била ослободена.
Руските медиуми јавуваат дека по објавувањето на видеото, Екатерина одлетала во Самара и дека следел конфликт со адвокатот.
Дмитриј Пузиков почина на 20 март 2012 година, а во неговото тело беше пронајден редок отров – талиум.
Истрагата сугерирала дека Пузиков бил отруен од неговата сопруга која истурила отров во неговата храна. Како мотив полицијата ја наведе љубомората поради прељубата. Сепак, нејзиниот адвокат верува дека Дмитриј би можел да биде убиен од неговиот братучед.
Екатерина беше под истрага пет и пол години, а двапати првостепениот суд ја прогласи за виновна. Поточно, во јули 2017 година, таа беше осудена на девет години затвор и беше прогласена за виновна за труење на нејзиниот сопруг.
Сепак, во октомври истата година, пресудата беше укината и вдовицата беше ослободена. Руското Министерство за финансии одлучи да ѝ плати 1,75 милиони рубљи како надомест за морална штета за време на кривичното гонење.
ФОТО: PrintscreenYoutube/Samara GIS