БОГАТАТА НАСЛЕДНИЧКА ГО ИЗГОВОРИ СУДБОНОСНОТО „ДА“ Се омажи Парис Хилтон

На раскошната венчавка имало бројни гости од холивудската А-листа, како и познати богаташи.

1,274

Парис Хилтон, старлетата и наследничка на синџирот хотели „Хилтон“, се омажи вчера за претприемачот Картер Реум.

Во февруари оваа година, Парис со своите следбеници на Инстаграм ја сподели среќната вест – дека се свршила со својата љубов, по повеќе од една година врска со Картер.






Моето засекогаш почнува денеска… 11.11.“, напишала Парис во описот на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.

Денови пред венчавката, Парис на Инстаграм објавуваше фотографии и видеозаписи со свршеникот во кои ги одбројува моментите до церемонијата.

Картер ја запроси Парис во февруари со велелепен прстен опточен со дијаманти, вреден речиси 2 милиони долари.

На раскошната венчавка имало бројни гости од холивудската А-листа, како и познати богаташи.

 

Поврзани содржини