Богаташката се разведува од Саркози: Ја избркал од станот, без пари и можности да го користи богатството ФОТО

1,359

Мери-Кејт Олсен (33) поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Оливие Саркози (50), а сега таа наредила „итно преместување“ на нејзините работи.

Модната дизајнерка и поранешна актерка ги покренала документите за развод од францускиот банкар уште на 17 април, но сè е стопирано поради пандемијата на коронавирусот. На Мери-Кејт тогаш ѝ рекле дека судовите во Њујорк „не прифаќаат пријави за развод за време на пандемијата“.






Оливие ѝ наредил на Мери-Кејт брзо да се исели од нивниот стан во Њујорк, но тој не ѝ признал дека не ја платил киријата за станот. Банкарот ѝ дал рок да се исели до 18 мај, иако таа побарала до 31 мај.

Иако Мери-Кејт и нејзината сестра Ешли се меѓу 11-те најбогати луѓе во светот, модната дизајнерка во моментот не е во состојба да управува со својот имот затоа што е во процес на развод, а со самото тоа и поделбата на имотот. Затоа, таа не може да ги подмири обврските за изнајмувањето на станот.

Оливие Саркози е полубрат на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.

Погрешното време за развод од милионерка претвори во питач.

Meri-Kejt Olsen i Oliver Sarkozi

Mary-Kate y Ashley Olsen - Wikipedia

 

Поврзани содржини