Богата наследничка Парис Хилтон (39) ги изненади сите со маската украсена со дијаманти, која поради дупчињата е повеќе од моден додаток отколку заштита против коронавирусот.
Парис уживала во вечерата со своето момче Картер Реум и со пријателите, а со оглед на тоа дека е задолжително носење маска, таа, во свој стил, се погрижила нејзината маска да биде скапоцена и сите да ја забележат.
Богатата наследничка носел бел фустан со тантела, чевли со високи потпетици, а елегантниот стил го надополнила со моден додаток – дијамантска маска, поради што многумина негодувале бидејќи ваквата маска е само моден додаток, но не и соодветна заштита од коронавирусот.
Иако е задолжително да се носи заштитна опрема ширум светот, Парис се појави во јавноста пред неколку дена без маска, а овојпат на ручекот имаше скапоцена „декорација“.
FOTO: Instagram