Бочварски размислува да воведе авиолинија Скопје – Москва

Министерот за транспорт и врски и амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин посебен акцент ставиле на гасификацијата на земјава.

496

Изградбата и модернизацијата на патната мрежа на Коридор 8 и 10, железничкото поврзување кон Бугарија, како и изградбата на магистралниот гасовод во земјава, биле теми на разговор на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со  амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

На средбата станало збор и за можноста за воведување на директни авионски линии меѓу двете земји.






Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски посебен акцент на средбата е ставен на  проектот за гасификација на земјата, преку изградба на магистралните гасоводи.

 

Поврзани содржини