Боба Живојиновиќ за дружбата со принцезата Дијана: Од трибините навиваше за мене

Во првиот разговор ме праша дали сум јас тој тенисер кој има најсилен сервис, раскажа Боба, додавајќи дека повторно се сретнале следната година.

738

Принцезата Дијана ќе ми остане навистина во убаво сеќавање бидејќи беше природна и опуштена жена со која можев да разговарам за најобични теми, вели поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ за дружењето со покојната принцеза од Велс.

Боба на врвот на својата кариера ја запознал Дијана, која редовно ги посетувала мечевите на кои тој играл.






– Една недела пред Вимблдон 1987 година одржан е хуманитарниот меч под нејзино покровителство. Бев еден од учесниците, покрај уште неколку познати тенисери. Тогаш ја запознав Лејди Дијана. Во првиот разговор ме праша дали сум јас тој тенисер кој има најсилен сервис – раскажа Боба, додавајќи дека повторно се сретнале следната година.

– Навиваше за мене од трибините, иако кралското семејство имаше ВИП ложа. Голема работа е кога на меч доаѓа да те бодри личност како неа – пред неколку години раскажа Живојиновиќ.

Животот на принцезата Дијана бил возбудлив, па не е чудно што и денес, 24 години по нејзиното трагично загинување во сообраќајна несреќа, нејзиното име речиси секојдневно се споменува во медиумите.

Поврзани содржини