БОБ САГЕТ Е ПОГРЕБАН Ковчегот го носеа неговите колеги од „Полна куќа“

Најмалку 300 луѓе пристигнале на гробиштата Меморијалниот парк Синај во Холивуд Хилс за да му оддадат почит на Сагет, кој неочекувано почина на 9 јануари.

540

Актерот Боб Сагет беше погребан вчера во Холивуд Хилс.

Како што пишува американскиот портал ТМЗ, најмалку 300 луѓе пристигнале на гробиштата Меморијалниот парк Синај во Холивуд Хилс за да му оддадат почит на Сагет, кој неочекувано почина на 9 јануари на 65-годишна возраст.






Децата на Сагет од серијата „Полна куќа“, Џоди Свитин, Кендис Камерон Буре и Мери-Кејт и Ешли Олсен беа присутни, а Џон Стамос и Дејв Кулие го носеа ковчегот на Сагет.

На погребот присуствуваа и Џон Мајер, Ал Пачино, Норман Лир, Џеф Рос, Џад Апатоу и извршниот директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос. Актерот го испратија и Дејв Чапел, Кети Грифин, Крис Рок и Сет Грин.

Сѐ уште не е позната причината за смртта на починатиот комичар и актер, а со обдукцијата е утврдено дека тој не починал од злоупотреба на дрога ниту од насилна смрт.

Боб Сагет беше пронајден во хотелот „Риц-Карлтон Орландо“ на Флорида, каде што бил на турнеја, а обдукцијата ја потврдила изјавата од канцеларијата на шерифот дека нема знаци на насилна смрт или употреба на дрога. Обдукцијата ја изврши медицинската канцеларија на округот Оринџ.

 

Поврзани содржини