Бојко Борисов се сомнева во изборниот процес: Кој гарантира за сигурноста на софтверот?

„Молчењето на медиумите по овие прашања ме тера да сметам дека се подготвува грандиозна смена на власта“, вели бившиот премиер на Бугарија.

400

„Помалку од месец има до изборите, а какофонијата во службениот предизборен штаб на Румен Радев заврши. Демонстрациите на ЦИК покажаа, дека во многу места ќе требаат повеќе од две машини. Колку вкупно ќе ни бидат потребни?“

Ова го напиша на својот Фејсбук профил бившиот премиер и сегашен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.






„Доцни ли јавната набавка? Ќе стигне ли навреме? Кој гарантира за сигурноста на софтверот? Навистина ли нема да се бројат контролните потврди?“ –прашува Борисов.

„Молчењето на медиумите по овие прашања ме тера да сметам дека се подготвува грандиозна смена на власта“, вели бившиот премиер на Бугарија.

Поврзани содржини