Бојко Борисов го преживеа гласањето за недоверба, останува премиер на Бугарија

518

Владата на премиерот Бојко Борисов го преживеа петтото по ред гласање за недоверба. Денеска во парламентот во Софија 124 пратениции гласаа „против“, 102 се изјаснија владата да падне, а 11 беа воздржани.

Веста не е изненадувачка, објави њузсајтот novinite.bg, затоа што веќе неколку дена се знае дека ГЕРБ и Патриотите ги затоплија односите, додека пратениците на Волја индиректно го поддржуваат кабинетот „Борисов 3“,  останувајќи воздржани.






Гласањето беше неуспешно, рече претседателката на парламентот Цвета Карајанчева со воодушевување рече веднаш по гласањето, а пратениците на БСП веднаш излегоа од салата, во знак на протест.

Премиерот Борисов не беше присутен на гласањето.

Пред зградата на Националното собрание, демонстрантите ја поздравија веста со скандирања „Оставка“.

Поврзани содржини