Бојко Борисов барал азил во Турција?
„Точно е дека според протоколот, едниот е шеф на државата, а другиот веќе нема официјален став, но нагласувањето на оваа разлика само покажува дека целта на посетата не била зајакнување на односите меѓу двете земји, туку Борисов да си ја заврши својата работа“, пишува бугарскиот портал.
По средбата на поранешниот бугарски премиер со турскиот претседател Ердоган, на која не беше ни истакнато знамето на Бугарија, порталот „Сега.БГ, оценува дека посетата на 3 јули била со цел да се обезбеди азил за Бојко Борисов во – Турција.
На Фејсбук, Борисов искажал благодарност за фактот дека пред неколку години Турција не дозволила мигрантите да преминуваат во Бугарија.
Бугарскиот медиум пишува дека и покрај неговите топли зборови кон „мојот добар пријател и брат Бојко“, Ердоган не покажал почит кон него. Наместо да биде навреден, Борисов постојано се поклонувал како руска непослушна кукла, изразувајќи благодарност, пишува „Сега“.
„Точно е дека според протоколот, едниот е шеф на државата, а другиот веќе нема официјален став, но нагласувањето на оваа разлика само покажува дека целта на посетата не била зајакнување на односите меѓу двете земји, туку Борисов да си ја заврши својата работа“, пишува бугарскиот портал.
Моментално и според анкетите, ГЕРБ на Борисов сè уште е најпопуларна партија во Бугарија со минимална предност пред „Има таков народ“ на Славеј Трифонов.