БОЈАТА НА КОСТУМОТ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ КАЖУВА ШТО ЌЕ КАЖЕ Каква порака им носи на лидерите на Западен Балкан?

Луѓето кои го анализирале нејзиниот изглед велат дека Меркел одбира боја на костумот соодветна на тоа каде оди, со кого ќе се сретне тој ден и за што ќе зборува.

719

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска доаѓа во Белград, а потоа оди во Тирана каде што ќе се сретне со шефовите на државите или владите на Западен Балкан. Официјален Берлин соопшти дека посетата ќе биде посветена на „регионалната соработка“.

Српските медиуми денеска покрај другото коментираат и доа дали од бојата на нејзиниот костим зависи она што ќе му го каже денеска на претседателот на Србија Александар Вучиќ.






Германската канцеларка има посебен стил на облекување.Панталони со рамни ногавици и продолжен костум кој се запетлува со неколку копчиња, рамни чевли, ѓердан, незабележлива шминка и кратка коса.

Дури и познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд го опиша нејзиниот стил како „ок“.

Луѓето кои го анализирале нејзиниот изглед велат дека Меркел одбира боја на костумот соодветна на тоа каде оди, со кого ќе се сретне тој ден и за што ќе зборува.

На пример во Грција еднаш носеше костум со светло зелена боја, за да се сретне со Обама облече беж, во Јапонија беше во бела боја, а облекува црвени, виолетови и жолти јакни кога е дома – во Германија

Според аналитичарите Меркел облекува виолетов костумот кога е на помалку формални состаноци, оние каде што нема тешки теми.

 

Беж и бел, костум носи кога сака да испрати порака за мир …

Син кога треба да изгледа сериозно, но не строго како во црно …

 

Додека зелената е боја на оптимизам, но и смиреност, рамнотежа.

Кога Ангела Меркел се облекува во црно, наводно на домаќинот му се пишува црно, барем така велат аналитичарите.

Колку оваа анализа е вистините ќе може да се анализира уште денеска и утре на средбите со балканските политичари.

Поврзани содржини