БОЈАН СТОЈАНОСКИ Е ИЗБРАН ЗА ВТОР ЧОВЕК НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА БАНКАРИ Тој е искусен банкарски професионалец

Стојаноски е генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година.

194

Бојан Стојаноски е новиот заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација, со мандат од 4 години, информира Асоцијацијата.

– Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг – велат од банкарската асоцијација.






Стојаноски е генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година. Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД – Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД – Скопје.

Македонската банкарска асоцијација смета дека неговото искуство, стручност и посветеност ќе донесат голем придонес во остварувањето на нејзините цели.

Поврзани содржини