БОЈАН МАРИЧИЌ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК Собранието ги изгласа измените во Кривичниот законик

За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

673

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Амдију. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.






Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби со што врши усогласување со европските и меѓународните стандарди кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупција. Пратениците на Левица беа против законското решение со образложение дека се носи во интерес на функционерите од владеачкото мнозинство.

Пратениците не го прифатија предлог законот за изменување на Законот за енергетика поднесен од Левица со кој се бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а нејзините надлежности да поминат во Министерството за енергетика.

Поврзани содржини