БНТ СЕ ЕМИТУВА ВО МАКЕДОНИЈА, НО НЕ И МРТВ ВО БУГАРИЈА Премиерот Ковачевски прашува зошто?

Според Договорот за пријателство со Бугарија, националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија. Но, нашата национална телевизија не се емитува во Бугарија.

498

Премиерот Димитар Ковачевски ќе бара од шефот на дипломатијата Бујар Османи да му одговори зошто програмата на македонската национална телевизија МРТВ не се емитува во Бугарија, исто како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

– Веднаш ќе го контактираме Министерството за надворешни работи, а секако, ќе го контактираме и раководството на Македонската радиотелевизија. Нашата македонска програма треба да се пренесува во Бугарија, исто како што бугарската програма се пренесува кај нас. Штом ќе достават официјален одговор и откако ќе добиеме одговор од бугарските официјални институции, тогаш ќе го споделиме со вас – изјави Ковачевски.






Според Договорот за пријателство со Бугарија, националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија. Но, нашата национална телевизија не се емитува во Бугарија.

Поврзани содржини