БНТ ЦЕНЗУРИРАЛА ФИЛМ ЗА „КРВАВОТО КОЛЕДЕ“? Од програмата повлечен документарецот „Само затоа што беа Бугари“

Станува збор за филм за контроверзните настани од 6 и 7 јануари 1945 година, кога според едни извори биле убиени, а според други затворени неколку стотици македонски Бугари во Скопје.

946

Најтешките прашања (меѓу Софија и Скопје) кои секако ќе дојдат на ред за решавање, се корпусот прашања од поблиската историја. Тие во дел од бугарската јавност беа нагласени и вчера, откако бугарската национална телевизија (БНТ) од програмата го повлече документарнот филм „Само затоа што беа Бугари“, посветен на т.н. „Крваво коледе“, односно настаните започнати меѓу 6 и 7 јануари 1945 година, кога биле убиени или затворени неколку стотици македонски Бугари, за што Софија бара осуда од страна на РСМ, пишува Дојче Веле, во подолга анализа за бугарско-македонскиот спор.

Два дена претходно, во интервју за БНТ 4, емитувањето на филмот лично го најави директорот на БНТ, Емил Кошлуков, па неговото симнување од програмата синоќа резултираше со мал протест пред БНТ и критики дека станува збор за срамна отстапка поради гостите од Скопје, за цензура и национално предавство.






Во овие критики предничеше младинскиот комитет на ВМРО-БНД, кој побара објаснување и оставка од министерот за култура Атанас Атанасов, и ги повика истомислениците секоја вечер во 22 часот филмот да го објавуваат на Фејсбук. Некои бугарски медиуми вчера го објавија филмот во нивните електронски изданија.

 

Поврзани содржини