БЛОКОТ 3 НА РЕК БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ДЕНЕСКА До понеделник ќе трае санацијата на дефектот во Блокот 1

РЕК Битола вчера беше исфрлен од производство поради неочекуван прекин на напојувањето по испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО.

191

По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок. Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1, информираат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека, неочекуваниот испад на блокот поради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 па постојката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа.






„Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде повторно ставен во функција и РЕК Битола да продолжи со работи со два блока- се наведува во соопштението.

Од РЕК Битола информираат дека е во тек операција за пуштање во работа на Блок 3 кои биле запрени вчера  по испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО.

Блокот 3 ќе биде ставен на мрежа во текот на денешниот ден.

„Ремонтот на Блок 2 на РЕК Битола се одвива непречено и согласно предвидената динамика“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини