Блокиран целиот имот на Трифун Костовски

Сопственикот на Еуростандард банка во стечај вели дека се работи за повеќе од 100 милиони евра.

10,238

Кривичниот суд  му го блокирал целиот имот на еден од сопствениците на Еуростандард банка во стечај Трифун Костовски.Блокадата е на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Замрзнати му се хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство.

Информацијата во колумна ја објави самиот Костовски.






„Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против“, пишува во колумната објавена на порталот „Либертас“.

Костовски вели дека неговиот имот  не е мал.

„Се работи за повеќе од 100 милиони евра – маса во која се наоѓаат парите на коминтентите на Еуростандард банка и парите кои ние како акционери ги инвестиравме во банката“, пишува Костовски.

Блокадата е на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Замрзнати биле хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство.

Отворена е предистражна постапка за четири лица, но обвинителството не споделува детали.

„Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна“, пишува Костовски.

Поврзани содржини