БЛОКИРАН АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ Силните врнежи предизвикаа поплави во Германија

На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека синоќа до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови за Франкфурт се пренасочени кон други аеродроми.

237

Поради поплавите предизвикани од обилните врнежи што ја зафатија Германија, денеска се откажани десетици летови на аеродромот во Франкфурт, најпрометниот и еден од најголемите во Европа.

Врнежите го блокирале аеродромот од каде сооштија дека синоќа на пистата се насобрало многу вода, јави ДПА.






На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека синоќа до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови за Франкфурт се пренасочени кон други аеродроми.
Делови од југозападна и централна Германија беа поплавени во невремето.

Поврзани содржини