БЛОКИРАЊЕТО НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ Не можат да се импламентираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски интереси кога станува збор за европските стандарди и фер изборниот процес – рече потпретседателката на ЗНАМ Весна Бендевска на трибина на движењето што се одржа во Прилеп.

67

Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот – порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со одговорност и резултати.






– Граѓаните премногу долго слушаа ветувања, а премалку гледаа промени. Денес Македонија има потреба од политика која не бара изговори, туку презема одговорност и решава проблеми. Тоа е политиката на ЗНАМ, работа, ред и резултати – истакна Димитриевски.

Тој посочи дека влегувањето на ЗНАМ во институциите не било само политичка одлука, туку преземање обврска пред граѓаните да се менуваат работите кои со години стоеле нерешени.

– Нашата цел не е да бидеме дел од системот заради функција. Нашата цел е системот да го направиме подобар за секој човек. Држава има смисла само ако граѓанинот ја чувствува, преку подобри услуги, правда, економски можности и сигурна иднина – порача лидерот на ЗНАМ.

Во рамки на панел-дискусијата беа отворени теми од клучно значење за развојот на државата, реформите во правосудството, јакнењето на институциите, економскиот напредок и поддршката за земјоделците.

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ Весна Бендевска зборуваше за значењето на владеењето на правото, демократските институции и современото законодавство како основа на европската иднина на Македонија. Таа оцени дека блокирањето на новиот Изборен законик претставува обид да се спречат реформите и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски интереси кога станува збор за европските стандарди и фер изборниот процес.

Потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ги претстави политиките за унапредување на земјоделството, подобрување на условите за производителите и развој на руралните средини.

Патот кон европска Македонија се гради со доверба, работа и заедничка визија. Караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ градовите, со една јасна порака, Македонија има иднина кога политиката е во служба на граѓаните.

Поврзани содржини