БЛИЗОК ЧОВЕК НА ФИЛИПЧЕ СТАНА ДИРЕКТОР НА ФИРМА НА ЗАЕВИ Стојан Коциров е член на Централниот одбор на СДСМ, посочува ВМРО-ДПМНЕ
Станува збор за фирма со која до пред само некоја година управувал лично Вице Заев. Истата фирма добиле голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Доказ за тоа дека блискоста на Зоран Заев и Венко Филипче и ден денес се негува е новиот директор на фирмата „Сара Инженеринг ДОО Струмица“, која е блиска до семејството Заеви.
Членот на новиот Централен одбор на СДСМ Стојан Коциров, кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДСМ, е нов директор на оваа струмичка фирма, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Станува збор за фирма со која до пред само некоја година управувал лично Вице Заев. Истата фирма била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. „Сара Инженеринг ДОО Струмица“ е меѓу должниците на Управата за јавни приходи за нецелосно исплатени даноци, како и меѓу фирмите кои добивале кредити од Еуростандард пред банката да биде затворена со стечај.
Заев сѐ уште го води СДСМ и го контролира Филипче. Го мести за претседател, му мести ПР, му мести луѓе за членови на ИО и ЦО, и неговите луѓе кои се блиски соработници на Филипче, ги става директори на фирми блиски до неговото семејство“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.