Близначиња од Индија ќе се викаат Ковид и Корона

Кога се родија близначињата, вработените во болницата почнаа да се шегуваат и да ги нарекуваат Корона и Ковид. Затоа и ние решивме да ги именуваме по пандемијата, изјавила мајката.

417

Брачна двојка од индискиот град Рајпур на своите штотуку родени близначиња им дала имиња Ковид и Корона. Како што пренесоа локалните медиуми, сопружниците биле инспирирани од пандемијата што владее во светот и токму затоа одлучила такви имиња да им доделат на своите бебиња.

– Кога се родија близначињата, вработените во болницата почнаа да се шегуваат и да ги нарекуваат Корона и Ковид. Затоа и ние решивме да ги именуваме по пандемијата – изјавила мајката.






Во Индија живеат околу 1.3 милијарди луѓе, а досега таму има над 2.500 потврдени случаи со коронавирусот, како и 72 смртни случаи.

Поврзани содржини