Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен денеска ја повика Северна Кореја да ја искористи можноста за нов политички пристап од Вашингтон за решавање на безизлезот во нејзините нуклеарни амбиции.
– Се надевам дека Северна Кореја ќе ја искористи можноста да се ангажира дипломатски и да види дали постојат начини да оди напред кон целта за целосно нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров – истакна Блинкенј по средбата со британскиот колега Доминик Раб во Лондон.
Тој смета дека „Северна Кореја треба да одлучи дали сака или не сака да се ангажира на таа основа“.