БЛИНКЕН МУ ПОСВЕТИ ПЕСНА НА ПУТИН Никогаш нема да се помириме (ВИДЕО)

Морам да ви кажам неколку работи во кои сум сигурен. Прво, независна Украина ќе трае многу подолго отколку што ќе трае Владимир Путин. Вака или онака, Украина ќе биде таму, а Путин во еден момент нема. Се надевам дека оваа војна ќе заврши порано отколку подоцна, за смртта и уништувањето да не можат да продолжат, неодамна изјавил државниот секретар на САД.

397

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека не му било дозволено на церемонијата на дипломци на Универзитот Џорџтаун да ја донесе својата гитара и да му ја посвети песната „Никогаш нема да се помириме“ од пејачката Тејлор Свифт на рускиот претседател Владимир Путин. Така тој се пошегува пред студентите во врска со војната во Украина.

– Ми рекоа дека тоа би било недипломатски – додаде тој.

 






Блинкен често знае да изненади со своите силни изјави на поддршка за Украина. Па така, неодамна тој изјави:

– Морам да ви кажам неколку работи во кои сум сигурен. Прво, независна Украина ќе трае многу подолго отколку што ќе трае Владимир Путин. Вака или онака, Украина ќе биде таму, а Путин во еден момент нема. Се надевам дека оваа војна ќе заврши порано отколку подоцна, за смртта и уништувањето да не можат да продолжат.

 

Поврзани содржини