📽 БЛИНКЕН ЈА ГРАБНА ГИТАРАТА И ЗАПЕА Каква порака сакаше да испрати со оваа песна?

Aмериканскиот државен секретар, Антони Блинкен, заедно со американската делегација го посети киевскиот бар „Бармен Диктат“. Неочекувано, тој се качи на сцената и со украинските музичари ја отпеа песната „Рокин ин д фри ворлд“ од канадскиот пејач Нил Јанг.

535

По вчерашните разговори со украинските политичари во Киев, американскиот државен секретар, Антони Блинкен, реши да се опушти и да ги покаже своите музички способности истовремено пренесувајќи силна политичка порака.

Тој заедно со американската делегација го посети киевскиот бар „Бармен Диктат“. Неочекувано, државниот секретар се качи на сцената и со украинските музичари ја отпеа песната „Рокин ин д фри ворлд“ од канадскиот пејач Нил Јанг.






Посетата има за цел да ја покаже солидарноста на САД со Украина додека таа се бори да се одбрани од секојдневното масивно руско бомбардирање на нејзината североисточна граница.

Поврзани содржини