БЛЕЈК ЛАЈВЛИ И РАЈАН РЕЈНОЛДС СТАНАА РОДИТЕЛИ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ Нов член во семејството на славната двојка
Холивудската актерска двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс станаа родители по четврти пат.
Блејк ја објави радосната вест на својот профил на Инстаграм, во пресрет на вчерашниот Супербол.
Актерката на Инстаграм објави компилација од фотографии од нејзините омилени јадења, како и семејна слика на која таа веќе нема труднички стомак. На фотографијата, Блејк позира со Рајан и со неговата мајка Тами.
Нејзините обожаватели веднаш реагираа, а во коментарите ѝ испратија честитки и поддршка.
„Честитки Блејк“, „Честитки, неверојатна си“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, омилената актерска двојка веќе има три ќерки – Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3), а нивното семејство сега е побогато за уште еден член. Двојката се уште не се огласила за медиумите, а се чекаат информации за полот и името на детето, пишува „Дејли мејл“.