БЛАГОДАРЕНИЕ НА СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И НА МИНИ ЏЕКПОТ Над 17 милиони денари завршија кај играчите

Многу радост ни донесе неделата, благодарение на фантастичните 17.210.750,00 денари од супер милионер, милионер и мини џекпот добивките.

450

Првата недела од април донесе многу радост за играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија касинос Австрија, благодарение на фантастичните 17.210.750,00 денари од супер милионер, милионер и мини џекпот добивките.

Од Видеолотарија касинос Австрија, соопштуваат, дека супер милионер вреден 11.108.609,00 денари замина кај Л.Н. Покрај оваа фантастична добивка, неделава имаме уште тројца нови добитници на милионер џекпот кои заедно освоија повеќе од 4 милиони денари. Радоста која ја носи милионер џекпот прв ја почувствува наш играч од село Лескоец, охридско. Во саботата на 2 април, во просториите на Евротип тој освои 1.455.228,00 денари.






Вториот милионер ни доаѓа од Битола, а негов среќен ден беше вторникот, 5 април. Играјќи ја својата омилена игра на видеолотариските терминали З.Д. стигна до 1.500.763,00 денари. Последниот милионер џекпот замина во село Кравари, битолско. Освоен е на 7 април, а изнесува 1.269.870,00 денари. Дружината добитници на Видеолотарија касинос Австрија оваа недела ја надополнија и играчите кои освоија мини џекпот во вкупна вредност од 1.876.280,00 ден.

Поврзани содржини