„БЛАГОДАРАМ НА ЧЕСТА, НО НЕ МОЖАМ ДА БИДАМ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МАЛТА“ Кочо Анѓушев се повлече од дипломатската функција

Одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на мене и со тоа прашање треба да се носам јас лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции – пишува Анѓушев.

668

Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана. Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на било која држава или институција, пишува поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев во изјава.

„Одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на мене и со тоа прашање треба да се носам јас лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.






Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските Соединети Американски Држави.

Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход.

На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји“ – се вели во писмената изјава на Анѓушев.

Поврзани содржини