БИЗНИСОТ СО МАРИХУАНА МАГНЕТ ЗА СКАНДАЛ ИНВЕСТИТОРИ Силна промоција во времето на Зоран Заев

Три фирми со лиценца директно или посредно се врзуваат со случаи на нарко-криминал, открива истражувањето на БИРН.

743

Лани летото, полицајците во рок од 48 часа упаднале во две плантажи со канабис во охридско-струшкиот регион и на обете места имале што да видат. Откриле хаос и сериозни пропусти, што поттикнале сомнеж дека легално засадената марихуана можеби завршува на нелегалниот пазар.

Само од количествата затекнати во Струшко, заработката на црно би можела да достигне и до пет милиони евра, процениле експертите од Министерството за здравство.






БИРН открива дека дел од основачите на фирмите зад двете плантажи, инаку албански државјани, се тесно роднински поврзани што уште еднаш укажува дека силната владина промоција на Македонија како Мека за бизнисот со марихуана, посебно во времето на експремиерот Зоран Заев, не била придружена со основни безбедносни проверки на инвеститорите во овој високоризичен бизнис.

Покрај фирмите на албански државјани, уште една „интересна“ група на луѓе се подготвувала да сади канабис во државава. Тоа се двајца контроверзни бизнисмени од Србија, едниот гонет за криминал поврзан со дрога во сопствената држава, а другиот обвинет за перење пари тука во Македонија.

Прочитајте го истражувањето на авторите Владо Апостолов, Јелена Вељковиќ и Бесар Ликмета на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини