БИЗНИСОТ МОРА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД СТРАВОТ ДА ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА Фетаи е вознемирен од последната анкета за корупција на Стопанска комора

Вицепремиерот за политики и добро владеење најавува безмилосна борба со митото и корупцијата во високите ешалони на власта.

460

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува епидемиски димензии на корупцијата во владата која замина, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи и најавува безмилосна борба со ваквите појави.

„Претставниците на оваа криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. Мито било побарано при постапките за добивање дозволи и согласности, при инспекциски надзор, во текот на царинска и тендерска постапка, дури и по неколку пати во текот на една година од исти фирми“, пишува Фетаи.






Тој вели и дека постојано  укажувале дека ДУИ, за 22 години владеење им донесе само лоши работи на граѓаните.

„Ова истражување е најточниот преглед на корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, која негативно се одрази на странските инвестиции, вработеноста и севкупниот социо-економски развој3, додава тој.

Фетаи најавува безмилосна борба со ваквите појави.

„Бизнисите мора да се ослободат од стравот и да достават предмети до Обвинителството. Правосудниот систем ќе биде ослободен од политичките влијанија и ќе се погрижи никој да не биде над законот. Исто така, бараме поддршка од партнерите, невладините организации и граѓаните во оваа борба, за заедно, како антикорупциски фронт, да ја промениме културата на власта и да кажеме не на коруптивните практики, што на претходната власт и беше дневна храна“, пишува Фетаи.

Поврзани содржини